Аргентинците добија 15 минути продолжение, дадоа гол во 106. минута за 2-2 и помислија дека се спасија од пораз. Но, по речиси два часа судијата ги врати фудбалерите на теренот, голот на Аргентина беше поништен поради офсајд и Мароко го доби мечот со 2-1.
Ситуацијата беше досега невидена на фудбалските терени, па Маскерано ја прокоментира во тој контекст.
„Ваков циркус досега немам видено во животот. Навистина не знам што да кажам, ова е неверојатно доживување за мене. Најголем циркус од натпревар, неповторливо чувство за нас“, рече Маскерано.