сабота, 27 јули 2024
Изјава на лидерот на едно крило во АА

Села: Таравари ја лапна мамката од ВМРО-ДПМНЕ, а Курти ми е должник

Лидерот на едно крило на Алијанса за Албанците, Зијадин Села во интервју за косовскиот медиум Канал 10 изјави дека има дадено свој придонес Аљбин Курти да стаен премиер на Косово. Учествував во неговата кампања, рече Села во разговор со новинарот на тема расколот во Алијанса и учеството на Самоопределување на Курти со македонски државјани на македонските избори во рамки на коалицијата Вреди. Села оцени дека изборите се критичен период зашто Арбен Таравари „ја лапна мамката од ВМРО-ДПМНЕ“.

Фото: Фејсбук

Објавено на

часот

Сподели

Да, точно е, јас учествував во кампањата што се водеше на Косово од страна на партијата на Курти, рече Села.

„Не сакам сега од тоа да правам голема работа и да реплицирам на тој начин во однос на постапките на косовскиот премиер. Но, со право или не, Курти се задолжи во еден-два наврати кон мене. Бев директен учесник во неговата кампања. Јас го направив мојот дел од работата затоа што самиот оценив дека тоа треба да го сторам и да дадам извесен придонес за промени и демократија во Косово“, рече Села како коментар на прашањето поврзано со отворената поддршка што Курти не му ја дава на  Села, туку на крилото на Арбен Таравари и опозициската коалиција на Албанците во Македонија.

Села рече дека кој сака да види ќе види дека постоел план за разгорување на внатрешна борба во Алијанса за Албанците и за нејзино слабеење.

„Имаше и предупредувањето од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за распаѓање на Алијанса за Албанците, и тоа кажува многу“, рече Села.

По интервјуто Села на Фејсбук објави делови од разговорот и наведе:

„На овие избори ризикуваме рециклирање на времињата кога Албанците крвареа. Арбен Таравари ја  лапна мамката на ВМРО-ДПМНЕ и ги предаде членовите на Алијанса за Албанците и сите нас, Албанци“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ