среда, 30 октомври 2024

Села: Таравари и кај Курти отиде сам, но додека дишам нема да дозволам директиви однадвор

Додека дишам нема да дозволам Алијанса за Албанците да дејствува под туѓи директиви, Арбен Таравари имаше тајни средби и со ДУИ и со албанската опозиција, но и со косовскиот премиер и е скандалозно на тие средби да не присуствува член на раководството на АА, изјави во гостување на ТВ Клан, претседателот на Централното собрание на Алијанса за Албанците, Зијадин Села. Тој повтори дека законска и статутарна е одлуката од октомври минатата година кога Централното претседателство гласаше за самостоен настап на изборите.

Објавено на

часот

Сподели

„Таравари реши годинава да ги заобиколува партиските тела, не доаѓаше на состаноци, а одеше на тајни средби со други лидери без при тоа со него да отиде и друг член на раководството на партијата. Покажа детско однесување што не доликува на лидер. И, почна да прифаќа директиви од надвор. Скандалозно е на средба со косовскиот премиер Аљбин Курти што отиде сам, без ниту еден член на Претседателството на АА. Но додека дишам, нема да дозволам под директива Алијанса да дејствува. Ние сме сериозна партија. Самостоен настап на АА не значи дека им помагаме на ДУИ. Која е таа логика? Од друга страна, Таравари имал и преговори со ДУИ“; рече Села.

Тој раскажа дека пред Нова година имал средба со претседателот на АА, Арбен Таравари во скопската клиника откако директори му јавиле дека тој е таму.

„Седнавме јас и тој на една маса. Ми кажа декка имал средба со Али Ахмети, но и дека ќе разговарал со опозицијата,. И, почна во разговорот да навива за понудата од ДУИ. Реков дека со Ахмети не сум разговарал за да му одговорам на тоа што ми кажа“, рече Села.

Тој додаде дека коалиција со албанската опозиција не гарантира промени и останува на ставот дека е најдобро АА самостојно да се натпреварува на изборите.

„Перење на мозокот е дека ако самостојно одиме на избори ѝ помагаме на ДУИ. Кој пак, верува дека претсетавува политичка промена изборен настап со Изет Меџити,кој беше така долго во самото раководството на ДУИ?“, рече Села.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ