сабота, 27 јули 2024
Прес-конференција

Села: Судот пресуди, јас сум претседател на АА, а печат на партијата се членовите

Зијадин Села на денешната прес-конференција изјави дека Основниот суд во Тетово вчера донел одлука која правно значи дека тој е претседател на партијата Алијансата за Албанците.

Објавено на

часот

Сподели

„Да соопштам дека конечно Основниот суд во Тетово одлучи кој е претставник на Алијансата за Албанците. Оваа одлука е многу важна за нас. Вистина е дека печатите кои ја претставуваат партијата е само една симболика, но од друга страна е многу важна. Овој момент е еден од алатките на нашите противници за Алијансата за Албанците да остане без никакво политичко решение во оваа ситуација кога веќе сме влезени длабоко во изборниот процес и Алијансата за Албанците да не биде претставена како што треба и да не учествува во оваа политичка трка“, рече тој.

Според Села, оваа одлука е важна за нив, бидејќи веќе е јасно кој е претставник на Алијансата за Албанците и е веќе јасно за сите дека Алијанса за Албанците е политички спремна да учествува на избори и да донесе добри резултати за овие избори.

Коментирајќи ги изјавите на претставниците на Алијансата за Албанците од крилото на Арбен Таравари дека ќе ја обжалат одлуката на судот, Села нагласи дека секој има право да ја обжали одлуката, но, како што посочи, во одлуката пишува дека се уважува барањето на Конгресот претседател на партијата да биде токму тој.

„Значи, не се работи за спор помеѓу мене и Таравари, туку се работи за одлука на Конгресот кој е документиран со документи и потписи во Основниот суд во Тетово и таа одлука се уважува. Сега негово право е да обжали одлука на суд. Такво право има секој делегат на Конгресот и секој член на партијата и мислам дека тој не само сега, туку требаше да биде претпазлив да не го злоупотреби печатот на партијата и неговиот потпис уште кога имаше одлука на Конгрес, а тоа право постои од правен аспект. Јас на никој не можам да му го скратам, а од друга страна за жал тој не го искористи правото неговите ставови да ги каже и на Централното претседателство, а и на Конгресот каде што беше повикан и каде што му беше местото. Ама изгледа дека веќе и според изјавите што доаѓаат од нивна страна, Таравари е дел од хајката против Алијансата за Албанците уште од јуни 2023, тоа се гледа според изјава на неговиот коалиционен партнер Изет Меџити, кој тоа го соопшти кога отвораа штаб во Струга. Тој тогаш кажа дека првата цел е постигната. Од формален правен аспект Алијанса за Албанците припаѓа на членството на партијата, а претседател на Алијанса за Албанците сум јас“, рече Села.

Тој потсети дека се поднесени пратенички листи како дел од Европскиот фронт.

„Да, поднесовме. Ние сме дел од Европскиот фронт. Но имав кажано претходно дека нивниот план беше да бидеме ставени во неповолна ситуација како политичка партија. И нагласив дека  одлуката која ја донесовме беше да избереме една од двете можности. Во таа ситуација ние бевме во можност да бојкотираме или да не учествуваме на избори или да се припоиме кон некоја коалиција за да учествуваме во избори. И нормално ние одлучивме да бидеме дел од Европскиот фронт. Сега, како учествуваме, што е вашето прашање, јасно и гласно беше кажано и на митингот, собирот каде што потпишавме меморандум, ние сме таму како Алијанса за Албанците и Алијанса за Албанци не ја прави печатот, туку сите ние што сме тука сме некаков вид печат – Алијанса за Албанците, кои во клучни моменти сме дале придонес и Алијанса за Албанците денеска е тоа што е“, рече Села.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ