четврток, 26 декември 2024

Села, коалицискиот партнер на ДУИ ја поздрави одлуката Груби да биде ставен на црната листа на САД

Алијансата за Албанците (АА) во континуитет е една од политичките актери кои ги осудувала и јавно ги пријавувала врските на судството со политиката и олигархијата, затоа и денеска ја поздравуваме последната одлука на САД, најважниот стратешки партнер на Македонија и албанскиот народ, пишува во писмената изјава на Зијадин Села откако денеска Соединетите Американски Држави (САД) информираше дека поранешниот вицепремиер Артан Груби и судијата на Апелацискиот суд Скопје, Енвер Беџети беа ставени на црната листа на американското Министерство за финасии. Села го повика Груби да се повлече од политиката и да се соочи со обвиненијата на американскиот Стејт Департмент.

Објавено на

часот

Сподели

„Борбата против корупцијата означува важен чекор во градењето на владеењето на правото и нашата иднина. Ги повикуваме апострофираните, да се повлечат од институционалниот и политичкиот живот, да се соочат со обвиненијата како слободни граѓани. Индивидуалната одговорност е камен-темелник на една модерна, непристрасна и демократска држава. Алијансата за Албанците и јас, како нејзин претседател, остануваме доверлив и лојален партнер на САД, споделувајќи ги заедничките вредности на демократијата, слободата и градење на правната држава“, вели во изјавата Села. .

Крилото на Зијадин Села од Алијанса за Албанците е коалициски партнер на ДУИ во коалицијата Европски фронт.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ