понеделник, 20 мај 2024

Села: Граѓаните да ја изберат политичката платформа по нивна мерка

Порака за масовна излезеност да гласаат граѓаните упати денеска претседателот на Алијанса за Албанците Зијадин Села и носител на листа на Изборната единица 5 како дел од коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ, по остварувањето на неговото гласачко право во основното училиште во струшкото село Ливада.  Села гласаше само за парламентарните избори, не и за листата за претседател,

Објавено на

часот

Сподели

Села по гласаето посочи дека граѓаните преку својот глас одлучуваат кој ќе ги претставува во Собранието.

„Да гласав, го искористив моето право како граѓанин. Ги повикувам сите граѓани да излезат масовно да гласат да го искористат нивното право, бидејќи тоа е суштината на демократијата, граѓаните преку својот глас да одлучуваат кој ќе ги претставува во Собранието. Да изберат која е политичката програма и платформа каде што тие се наоѓаат и тие да одлучат кој ќе ги претставува утре во власта, а не некој друг да одлучи на нивно место. Затоа ги повикувам да излезат масовно на гласање“, изјави Села.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ