четврток, 12 декември 2024

Села: Целиот Закон за употреба на јазиците е доведен во прашање

Кога сме на тема јазикот, долго време се најавуваше дека нема да му се наштети на албанскиот јазик, само три члена од законот се тие што ќе се отстранат, реагира Зијадин Села од Алијанса за Албанците.  Тој додава дека излезе вистината, дека целиот Закон за употреба на јазиците е доведен во прашање.

Објавено на

часот

Сподели

„Тие рекоа дека овие прашања за албанскиот јазик се додека се таму нема да се чепка албанскиот јазик, но од друга страна преку уставните судии беше соопштено дека целиот закон е доведен во прашање, а не само три члена. И кога сме на оваа тема велат дека Уставниот суд е тој што го прави ова, но излезе вистината дека иницијативата за укинување на законот за употреба на  јазиците била на ВМРО-ДПМНЕ и ние ова го знаеме и сме го објавиле на јавноста. Апел до Владата, до Христијан Мицкоски, точно е дека Уставниот суд не е во прашање, но ваша иницијатива е да се чепне албанскиот јазик. Опаметете се и не допирајте го албанскиот јазик, јазик кој, од археолошките извори и направените откритија, датира повеќе од 8 илјади години овде во оваа земја. И кога ќе поминете барем една седмина од овие 8 илјади години на овие краишта, тогаш можеме да зборуваме за албанскиот јазик. А заедно со овој јазик, во овие краишта, Албанците биле камења што никнале, а не од некаде фрлени. Направиле отпор со илјадници години и нема да ви пружаат отпор вас за овие 5-6 месеци владеење што ги правите или не знам на колку други влади ќе пружат отпор“, вели во реакцијата Села.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ