петок, 18 октомври 2024
Морале да се снаоѓаат за да преживеат

„Секоја вечер со Роналдо одевме во Мекдоналдс и ги јадевме бургерите кои требаше да се фрлат!“

Фабио Паим, поранешен соиграч на Кристијано Роналдо во академијата на Спортинг Лисабон, се присети на тешките времиња и како се снаоѓале за да преживеат.

Објавено на

часот

Сподели

Кристијано Роналдо по преселбата во Саудиска Арабија стана фудбалерот со најголема плата во историјата, Португалецот заработува околу 200 милиони евра по сезона.

Но неговите почетоци биле тешки, потекнува од сиромашно семејство, па кога бил дел од академијата на Спортинг Лисабон, често морал да се снаоѓа за да преживее.

Самиот напаѓач ја има раскажано приказната како одел во соседниот Медоналдс ресторан и благодарејќи на добрдоушноста на една вработена, бесплатно добивал бургери. Оваа приказна сега ја потврди и Фабио Паим, кој делел слична судбина со Кристијано Роналдо во академијата.

„Кога бевме дел од Спортинг, живеевме во академијата, живеевме на стадионот. Навечер често одевме до Мекдоналдс да земем бургери кои остануваа, па наместо да бидат фрлени, ние ги јадевме“ – вели Фабио Паим.

„Прв пат се сретнав со Кристијано кога имав 8 години, имавме добри времиња заедно. Фудбалот не беше толку сериозен за нас тогаш. Едноставно уживавме во детските денови“.

„Но уште тогаш тој беше голем работник, навистина посветен и сакаше да биде најдобар. Отсекогаш бил таков, се лутеше кога ќе изгуби. Вложениот труд го направи тоа што е денес“.

„Во моментов нема потреба да докажува никому ништо, но сака да биде најдобар па затоа продолжува да игра на високо ниво“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ