Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје – 67, Охрид – 15, Тетово – 11 и од Кавадарци – 10. Во текот на минатата недела не се пријавени починати лица асоцирани со ковид-19, велат од Институтот и додаваат дека во таа недела нема починати лица како последица на заразната болест.
Најголем број од заразените со вирусот се лица на возраст од над 60 години.
Статус на оздравени стекнале 194 пациенти.
Во однос на минатата недела се бележи намалување на бројот на позитивните случаи.
Министерот за здравство Арбен Таравари минатата недела најави донација од 11 илјади вакцини против ковид-19 и грип, која во наредните денови треба да пристигне во земјава.
Од почетокот на пандемијата во Македонија се потврдени 351.708 заболени од ковид-19 и вкупно 9.995 починати лица за кои е потврдено дека се последица на овој тип коронавирус.