сабота, 27 јули 2024

Секој меч од кошаркарското првенство ќе почнува со химната на Македонија

Идејата на градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски за интонирање на македонската химна пред почетокот на наставата, е пресликана и во кошаркарското првенство на Македонија.
 

Објавено на

часот

Сподели

Мечот меѓу МЗТ Скопје и Гостивар кој го добија домаќините со 85-59, почна со интонирање на химната на Македонија.

Муцунски ја поздрави идејата на Кошаркарската федерација на Македонија да се интонира химната пред натпреварите од домашното првенство.

„Драго ми што идејата за интонирање на химната во училиштата, предизвика позитивен интерес и доби масовна поддршка од јавноста. Благодарам за поддршката во напорите да го поттикнеме и зајакнеме националното чувство кај младите аеродромци.

Токму со интонирање на химната, денес започна и натпреварот помеѓу МЗТ Скопје Аеродром и кошаркарскиот клуб Гостивар.

Според информациите кои јас ги имам отсега сите натпревари во домашната лига ќе започнуваат со македонската химна. Ја поздравувам и поддржувам оваа одлична идеја на Кошаркарската федерација на Македонија“, изјави Муцунски.
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ