петок, 18 октомври 2024

Секој ден во светот се активираат 252.000 нови веб-страници

Објавено на

часот

Сподели

„Гугл“, „Јутјуб“, „Фејсбук“, „Инстаграм“ и „Х“ (Твитер) се најпосетуваните страни на интернет. Врз основа на податоците од „симиларвеб“ – „google .com“ е најпосетувана интернет-страна, а потоа следат „youtube .com“, „facebook .com“, „instagram .com“ и „twitter .com“. Северна Европа има највисоки стапки на пристап до интернет. Според „Статиста“ – германска компанија за собирање податоци, во април 64,9 отсто (5,18 милијарди) од светското население користеле интернет, а 59,9 отсто (4,8 милијарди) користеле социјални мрежи.

Во однос на просечното времетраење на посетата, корисниците минуваат околу 10 минути и 38 секунди на „Гугл“, 20 минути и 25 секунди на „Јутјуб“, 10 минути и 43 секунди на „Фејсбук“, осум минути и 22 секунди на „Инстаграм“ и 10 минути и 47 секунди на „Х“.

Земјите со најголем пристап до интернет се Норвешка, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, сите со 99 отсто. Азија води по бројот на корисници на интернет со 2,93 милијарди, а по неа е Европа со 750 милиони корисници

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ