четврток, 31 октомври 2024

Секој ден по околу 40 нови пожари, Ангелов се сомнева дека најголем дел се подметнати

Според податоците на Центарот за управување со кризи (ЦУК) денеска имало повеќе од 35 активни пожари од кои најголем дел се угаснати. Во последните 24 часа избија уште три тешки пожари, еден кај Дебар и два се кај Кичево. Пожарот во атарот на селото Негорци, гевгелиско кој вчера беше ставен под контрола денеска пак се разгоре. Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов се сомнева дека нјголем дел од пожарите се подметнати.

Објавено на

часот

Сподели

“Иако истиот ден кога избувна пожарот беше дејствувано со хеликоптери кај Македонски Брод, пожарот излезе од контрола, и почна да се движи кон селата Тажево и Брзеница кои пожарот ги заобиколи. За жал 19 дена подоцна пожарот е сѐ уште активен и неговата линија е можеби подолга од 10 километри. Едниот крак се движи кон викенд населбата Козјак, Затоа беа ангажирани унгарските пожарникари кои изградија појас околу населбата. Од она што може да се види на терен тој не е најсигурен и затоа на земја ќе чекаат луѓе. За жал еден од краците на овој монструм од пожар навлезе во ловиштето Јасен. Утре наша најважна задача е да се заштитат објектите во викенд населбата Козјак и да го стопираме движењето кон Јасен“, изјави вечерва Ангелов.

Според податоците на ЦУК денеска имало повеќе од 35 активни пожари од кои најголем дел се угаснати. Денеска избија уште три тешки пожари. Едниот е кај Дебар над селото Косоврасти, а два се кај Кичево, едниот над селото Зајас, другиот во Кичево во близина на воените објекти. Пожарот во атарот на селото Негорци, гевгелиско кој вчера беше ставен под контрола денеска пак се разгоре. Затоа Ангелов апелира до граѓаните да бидат екстремно внимателни.

„Тешко е да се објасни појавата на 40 нови пожари во еден ден. Најголем дел од нив се предизвикани поради невнимание на граѓаните, но за добр дел од нив се сомневам дека се подметнати. Или се работи за тотална неодговорност на поединци или се работи за намера. Апелирам до граѓаните доколку забелажет луѓе кои се движат на места каде што можат да предизвикаат пожар истото да го пријават на бројот 112“, апелира Ангелов.

Инаку тој денеска заедно со унгарскиот амбасадор во Македонија, Андрас Клајн беа во посета на унгарските пожарникари во Белица и на линија на противпожарната одбрната кај црквата СВ Богородица кај населбата Брезница.

„Покрај запознавањето со нивното досегашно дејствување во реонот на Брезница, Ангелов искажа голема благодарност кон Унгарија и особено кон индивидуалниот придонес на унгарските пожарникари во борбата со огнената стихија“, информираше вечерва Центарот за управување со кризи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ