сабота, 19 октомври 2024

Секој ден гори барем по една депонија во Македонијa

Центарот за управување со кризи (ЦУК) утрово информира дека според нивните податоци, во февруари заклучно со вчерашниот ден, во Македонија се регистрирани 22 пожари на депонии. Оттаму, не е ни чудно зошто иако временските услови главно беа поволни, сепак воздухот во дел од земјава имаше релативно висока концентрација на ПМ честички, а во некои денови концентрацијата беше алармантно висока и дефинирана како „нездрав воздух“.

Објавено на

часот

Сподели

Релативно сушниот месец февруари, но заради чоевечко невнимание или заради свесна намера, придонесе во овие 24 денови во Македонија ЦУК да информира за вкупно 448 пожари на отворен простор.

Според ЦУК, станува збор за 42 шумски пожари, 128 пати била зафатена ниска  вегетација (грмушки, ниска и деградирана вегетација), 256 пожари биле гаснети на стрништа или простор со висока трева, а пожарникарите морале 22 пати да интервенираат за да гаснат оган во депонии.

Од ЦУК прават споредба па велат дека овој месец невообичаено многу пожари се регистрирани и во Србија. Според нивното МВР, во февруари на територијата на Србија биле регистрирани 1.492 пожари на отворен простор, додека во истиот месец но минатата година имало 226.такви пожари.

П.Џ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ