Како што извести портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски, во близина на Пирочкиот мост, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале теренско возило со тетовски регистарски ознаки управуван од 41- годишниот гостиварец А.К. и возило ауди со тетовски ознаки, што го управувал Х.М. од Гостивар.
„Во несреќата, возачот на аудито и шест сопатници од истото возило се здобиле со телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница, каде биле пренесени за укажување на лекарска помош“, информираше Јосифоски.
На местото на несреќата извршен е увид од екипа на СВР Тетово.