петок, 18 октомври 2024
Претседателски избори 2024

Седуммина кандидати за претседател на државата

Досега седуммина кандидати за претседателските избори во Македонија собраа по најмалку 10 илјади гласа (некои и потписи од 30 пратеници) за место на гласачкото лице. Собирањето потписи завршува на 8 март. Според досегашните бројки, тешко е да се очекува дека некој друг од пријавените кандидати ќе успее да собере 10.000 потписи.

Објавено на

часот

Сподели

Викендов и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, на конвенција и на конгрес, ги официјализираа кандидатурите на Гордана Силјановска-Давкова и на Стево Пендаровски. Двете партии вчера експресно ги собраа граѓанските потписи за нивните кандидати за претседатели. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека за Давкова се потпишале најмалку 27 илјади граѓани. Од штабот на СДСМ, пак, ја соопштуваат бројката од 22.000 потписи за кандидатурата на Пендаровски за втор претседателски мандат.

Пред нив потребниот број потписи го собраа Бујар Османи како кандидат на ДУИ, Арбен Таравари, коалиција Вреди, Максим Димитриевски, кандидат на ЗНАМ Билјана Ванковска од Левица и Стевчо Јакимовски од ГРОМ.

Според последниот пресек на Државната изборна комисија, до вчера во 20 часот, Мерсиха Смаиловиќ која е поддржана од Бошњачкиот демократски сојуз, има 1.411 потписи, Вело Марковски како независен кандидат има 1.402 потписа, Господин Попоски од Вевчани обезбеди поддршка од 109 граѓани, независната кандидатка поддржана од ДЕСНА, Зорица Цветковска собра вкупно 195, независниот кандидат Ѓoрѓи Манасков ја доби поддршката од 414 граѓани. Томе Николоски останува со 0 потписи, а самиот објави дека се откажува од трката.

Манасков вчера на конференција за медиумите се пожали на нерегуларности и побара да се стопира целата постапка за собирање потписи.

„Од одредени градови, од одредени подрачни единици, се потпишуваат во други градови и други подрачни единици. Втора работа што е незаконски и нерегуларно, ДИК нема евиденција и компјутерска проверка и може секој граѓанин да се потпише од која било друга општина, а одредени граѓани ни се пожалија дека се потпишуваат неколкупати, со автобуси доаѓаат, што е исто така нерегуларно“, изјави Манасков.

Рокот за собирање на потписите истекува на 8 март на полноќ. Првиот круг од претседателските избори ќе се одржи на 24 април, а вториот на 8 мај, за кога се закажани и парламентарните избори. Изборната кампања за претседателските избори почнува на 4  април, а за парламентарните на 18 април. Во тек е увидот во избирачкиот список

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ