сабота, 27 јули 2024
Трагедија во Вевчани

Бебе почина во болница, мајката кажала дека паднало од кревет

Полицијата денеска соопшти дека рано изутринава во 01:04 часот во СВР – Охрид било пријавено дека во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ по извршен хируршки зафат, починало седуммесечно бебе од Вевчани, кое вчера попладне околу 16 часот било донесено во болницата од неговата мајка.

Објавено на

часот

Сподели

Бебето, според пријавеното, било примено во болницата со хематом на главата и по констатирано мозочно крварење веднаш била извршена операција.

„Според изјавата на неговата мајка, повредите настанале по пад од импровизиран кревет во семејниот дом во Вевчани. По насока на jавен обвинител, телото ќе биде пренесено до Судска медицина во Битола каде ќе се изврши обдукција. Се преземаат мерки за расветлување на настанот“, додаваат од СВР – Охрид.

Наводно, мајката пред да го однесе бебето во болницата Св. Еразмо побарала помош од повеќе лекари кои ја преупатувале до нивни колеги и други установи.

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид издаде повеќе наредби за утврдување на причините за смртта на 7-месечно бебе од Вевчани, кое починало рано утрово во ЈЗУ  Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ откако било донесено со повреди на главата и итно префрлено во операциона сала.

„Неколку часа по спроведената операција, бебето починало на интензивна нега. Јавниот обвинител, со цел да ги расчисти причините за тоа како настанала повредата на бебето, како и да испита дали стручниот персонал ЈЗУ Св. Еразмо постапувал согласно протоколите и процедурите, издаде насоки за прибирање докази. Прибавена е целокупната документација од болницата, издадена е наредба за обдукција на бебето во Институтот за судска медицина во Скопје, се вршат разговори со семејството и блиски лицаа се проверува и медицинската историја на детето и на мајката“, се вели во соопштението на Обвинителството.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ