петок, 13 декември 2024

Седум загинати во напад со руско беспилотно летало врз Харков (ВИДЕО)

Руски беспилотни летала погодија бензинска пумпа во Харков вчера доцна навечер, предизвикувајќи голем пожар кој зафатил приватни куќи, при што загинаа најмалку седум лица, соопштија локалните власти. Официјални лица изјавија дека беспилотните летала погодиле и болница и ресторан во Велики Бурлук, источно од Харков.

Социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Во видео објавено на апликацијата за пораки Телеграм, шефот на локалното обвинителство Олександр Филчаков изјави дека во Харков три беспилотни летала погодиле бензинска пумпа во областа Немишлијан непосредно пред 23 часот.

„Имаше многу гориво и затоа последиците од пожарот се страшни“, изјави Филчаков.

Градоначалникот на Харков, Игор Терехов изјави дека се уништени 14 приватни куќи, 50 жители се евакуирани. Видеото што го објави градоначалникот покажува пламен и чад што се издига на широк простор.

Киев индипендент објави дека најмалку седум лица загинале во пожарот, меѓу кои и три деца.

Највисокиот воен функционер во Велики Бурлук, Виктор Терешченко изјави за јавната телевизија Суспилне дека беспилотните летала оштетиле болница и ресторан. Се чекаат детали за жртвите. Официјални лица известија за напад врз болница во градот минатата недела, по што беа евакуирани десетици пациенти.

Ројтерс не може независно да ги потврди деталите за нападот. Русија не одговори веднаш на барањето за коментар, но рече дека намерно не цели цивилни локации. Харков е под редовен напад од почетокот на руската инвазија на Украина и беше честа мета на руски напади во последните недели.

Во црноморското пристаниште Одеса, регионалниот гувернер изјави дека едно лице е повредено во напад на беспилотно летало. Три лица се пријавени по ракетирањето во текот на денот во село во регионот Суми, на границата со Русија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ