сабота, 27 јули 2024

Седум писатели, членови на претседателството на ДПМ поднесоа оставки

Писателите Зоран Анчевски, Весна Мојсова-Чепишевска, Лилјана Пандева, Влатко Мартиновски, Славчо Ковиловски, Марина  Мијаковска и Александра Јуруковска поднесоа оставки како членови на Претседателството на ДПМ.

Објавено на

часот

Сподели

„На 4 октомври 2023 година на седница на претседателството на Друштвото на писателите на Македонија неотповикливи оставки како членови на претседателството поднесоа:  Лилјана Пандева, Славчо Ковиловски, Влатко Мартиновски, Марина Мијаковска и Александра Јуруковска. Писмена оставка истиот ден достави и Зоран Анчевски, а неколку дена претходно и Весна Мојсова-Чепишевска“, известуваат кусо писателите без да ги наведат причините.

Тие му се заблагодаруваат на членството на ДПМ за укажаната доверба дадена на редовните избори што се одржаа во мај 2022 година, а на Друштвото на писателите на Македонија му посакуваат плодна и успешна работа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ