четврток, 26 декември 2024

Седум мигранти и возачот загинале во Албанија по пад на возило во река

Осум лица од кои седум мигранти загинале рано утринава во Албанија во сообраќајна несреќа предизвикана кога со возилото во кое биле се обиделе да ѝ избегаат на полицијата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Возачот Албанец ја изгубил контролата над возилото кај Пармет, неколку километри од границата со Грција, и тоа паднало во река, се наведува во соопштението.

Според првичните информации од истрагата, албанска полициска патрола се обидела да го сопре возилото за контрола, но тогаш возачот забрзал и се обидел да избега.

Мигрантите кои според полицијата се од Блискиот Исток ја поминале границата меѓу Грција и Албанија веројатно за потоа да можат да преминат во Црна Гора па кон земјите од Европската Унија.

Албанија се наоѓа на таканаречената Балканска рута по која за време на мигрантскиот бран во 2015 и 2016 минаа стотици илјади луѓе бегајќи од конфликтите и сиромаштијата во Африка, централна Азија и Блискиот Исток, на пат кон ЕУ.

Речиси 100.000 луѓе минаа по таа рута меѓу јануари и октомври 2023 година, според податоците на Агенцијата за гранична и крајбрежна стража на ЕУ Фронтекс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ