Годинава ќе учествуваат 23 тимови, од кои 16 од државни основни училишта низ земјава. Тимовите ќе ги претстават своите решенија за вистински предизвици поврзани со зачувувањето на океаните, според овогодинешната тема SUBMERGED. Тимовите ќе се натпреваруваат во автономни роботски предизвици.
Жири-комисија ќе бидат универзитетски професори и лидери од Бехтел (Bechtel), кои ќе ги оценуваат проектите според иновацијата и основните вредности на „First Lego League Challenge“.
Бехтел е главен спонзор, кој соработува со Академијата за роботика и иновации, регионален партнер за организирање на „First Lego League“ натпреварите во земјава. Овој настан е дел од глобалната иницијатива „First Lego League“, која ги воведува децата на возраст од 9 до 16 години во науката, технологијата, инженерството и математиката (STEM) преку практично учење. Со поддршка од УНЕСКО програмата има за цел да поттикне креативност, критичко размислување и тимска работа.