сабота, 27 јули 2024

Седлоски дебитираше за Работнички со реми против Гостивар

Објавено на

часот

Сподели

Гоце Седлоски на некој друг меч ќе ја бара првата победа како тренер на Работнички, денеска неговиот нов тим одигра само реми против Гостивар.

Натпреварот кој играше на тренинг центарот на ФФМ, „Петар Милошевски“, беше тврд без многу шанси на двете екипи.

Работнички се израдува на гол во 30. минута, но погодокот им беше поништен откако топката го зафати Стојановски кој беше во осфајд.

На почетокот од второто полувреме Гостивар се закани преку Потук, но Алексовски го одбрани неговиот удар. 

Мечот го одбележаа и две повреди, кај Работнички уште во првото полувреме мораше да излезе Ангелов, а во составот на Гостивар тоа му се случи на Тимовски во вториот дел.  

На натпреварот во Чаир, Шкупи со 1-0 го совлада тимот на Македонија Ѓорче Петров.

Единствениот гол го постигна дефанзивецот Марио Младеновски во 67. минута кога погоди со глава.

Денеска требаше да се играат и дуелите Струга – Воска и Силекс – Вардар, но беа одложени поради големиот снег. 

Мечот меѓу Тиквеш и Брера доцнеше 25 минути поради чистење на снегот кој се наоѓаше на теренот во Кавадарци. Откако се создадоа услови за игра, натпреварот почна. Теренот беше снежен, но можеше да се игра.

Натпреварот беше отворен, имаше шанси и на двете страни, а клучниот момент се случи во 71. минута кога по едно нафрлување, Стоименовски погоди со глава за водство на Тиквеш од 1-0 кое се покажа и како конечен резултат.

Со оваа победа Тиквеш бодовно се изедначи со Брера, кавадаречкиот тим е седми, струмичани се шестти поради подобра гол разлика.

15. коло 

Работнички – Гостивар 0-0

Шкупи – Македонија ЃП 1-0

Тиквеш – Брера 1-0

Вчера 

Брегалница – Шкендија 2-2

Одложени за 6.12.2023

Силекс – Вардар

Струга ТЛ – Воска

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ