сабота, 27 јули 2024

Се зголемува бројката на тестирани од ковид-19, вели Мехмедовиќ

Во земјава на месечно ниво има по 800 регистрирани случаи на Ковид – 19, а зголемена е и бројката на луѓе што се тестираат, изјави денеска на новинарско прашање, Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисија за заразни болести.

Објавено на

часот

Сподели

Според него, во основа не се работи за сериозни бројки што би можеле да бидат причина за загрозување на здравствениот капацитет.

Мехмедовиќ кој денеска присуствуваше на редовната средба со новинарите на Министерството за здравство вели дека засега е доволна препораката за носење заштитни маски во здравствените установи, вели Мехмедовиќ

Комисијата за заразни болести му препорача на Министерството за здравство задолжително користење заштитни маски само во здравствените установи како превенција од ширење на Ковид-19, но тоа не се однесува и за аптеките како и за домовите за стари лица. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ