четврток, 26 декември 2024

Се запали возило на автопатот Велес – Скопје

На автопатот Велес-Скопје вчера околу 17 часот се запали автомобил во движење, непосредно по патарината Отовица.

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите од Територијалната противпожарна единица Велес, повикот за интервенција го добиле во 17:05 часот, по што веднаш излегле на терен со една противпожарна единица и четворица пожарникари.

„Возилото беше изгаснато за кратко време, а повредени, за среќа, немаше“, информираат од велешката Противпожарната единица.

Причините за пожарот засега не се познати, а настанот е под истрага на надлежните органи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ