вторник, 22 октомври 2024

Се запали панорамско тркало на музички фестивал во Германија, околу 30 повредени (ВИДЕО)

Повеќе од 30 луѓе се повредени откако во саботата се запали панорамско тркало на музичкиот фестивал Хајфилд во близина на Лајпциг во источна Германија, соопшти полицијата.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Според првите наоди, сите жртви се задушиле од чад откако се запалиле две гондоли на тркалото, изјавила портпаролката на полицијата за дпа.

Шефот на германскиот Црвен крст изјави дека две лица се тешко повредени.

Портпаролка на полицијата не можеше да ги коментира овие информации, но рече дека меѓу повредените има и четворица полицајци. Причината за пожарот не е позната.

Една од гондолите на панорамското тркало се запали околу 21 часот. Пожарот потоа се проширил и на втората гондола. Двете гондоли се целосно уништени во пожарот, јавува репортер на дпа.

Посетител на фестивалот од Келн рече дека панорамското тркало наеднаш се забрзало. Запалените гондоли биле на самиот врв на тркалото.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ