понеделник, 28 октомври 2024

Се запали фабриката „Ником“ во Кавадарци (ВИДЕО)

Пожар синоќа ја зафати фабриката „Ником“ во Кавадарци. На терен интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кавадарци со екипи на Комуналец, Шумското стопанство Бор, како и екипи од Велес и Неготино. Утрово, од Противпожарната единица потврдија за МИА дека пожарот бил локализиран околу 01:30 часот, но нивна екипа останала на терен за да ја следи состојбата.

Фото: Скриншут

Објавено на

часот

Сподели

За пожарот синоќа информираше и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Тој на Фејсбук напиша дека Територијалната противпожарна единица интервенирала во полн состав од 30 пожарникари.На терен биле испратени и екипи на јавното претпријатие Комуналец, Голд Никел и шумското стопанство Бор, како и екипи од Велес и Неготино.

Засега нема детали за пожарот и последиците од него.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ