сабота, 27 јули 2024
Во соработка со УНИЦЕФ

Се зајакнуваат кадрите кои ја планираат исхраната на децата во градинките, вели Тренчевска

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со претставничката на УНИЦЕФ, Патриција Диџовани со која разговараше за идните приоритети во соработката помеѓу Министерството и УНИЦЕФ.

Објавено на

часот

Сподели

„Тренчевска и Диџовани истакнаа дека Гаранцијата за деца ќе биде приоритет во идниот период затоа што од таа програма се очекува особен успех и подобрување на квалитетот на живот на децата во државата. Воедно беше разговарано и за вложување во зајакнување на капацитетите на кадрите во градинките во делот на правилна исхрана на децата во градинките“, информираат од МТСП.

Министерката на средбата посочила дека моментално се зајакнати кадрите кои ја планираат исхранат на децата во градинките и дека поддршката на УНИЦЕФ во овој дел навистина ќе придонесе во исполнување на заедничката цел.

Тема на разговор била и иницијативата „Walk and Talk“ која што била завршена како позитивна активност во која биле вклучени повеќе од 500 млади лица.

Тренчевска истакнала дека нејзините следни чекори ќе бидат во промоција на важноста за менталното здравје кај младите, нагласувајќи дека за неа е од особена важност да ги сврти младите кон поголема добросостојба која придонесува кон подобар квалитет на живот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ