Со индекс од 190 и со доминација на најопасните ПМ 2,5 честички, Битола е моментално со најнездрав воздух во Македонија, а потоа следуваат Гостивар, Струмица и Кичево, а потоа и Скопје. Загаден е воздухот и во други градови. И секаде доминираат ПМ 2,5 честичките, што укажува на согорување на нееколошки горива во домаќинствата и индустријата, а тука се и издувните гасови од возилата. Како што може да се види од мапата, Лерин не е е загаден, иако се наоѓа блиску до Битола и во Пелагонија, со слични климатски услови и град кој поседува термоцентрала. Тоа може само да зборува за тоа кој како и колку се грижи за екологијата и здравјето на населението.
Скопје на интернет страницата Ервижуал е пласирано на девето место според нездравиот воздух. Сараево, главниот град на Босна и Херцеговина има алармантно опасен воздух и се најде на третото место во светот.
Инаку, викендов Скопје можеше да се пофали со чист воздух, благодарение на интервенцијата на природата, на снегот и ветерот кои делуваа како пречистувачи на воздухот. Во еден момент Скопје се најде на 73-то место. Тоа беше навистина радосен момент.
П.Џ.