сабота, 27 јули 2024

Се враќа шверцот со цигарите во Македонија, овојпат од грчките фришопови

Објавено на

часот

Сподели

Каде е пазарот?

На фришоповите во Грција редовни се промотивните цени на цигарите од познатите светски брендови, во стилот купи две штеки за помала сума. Така, цената на една кутија цигари доаѓа во просек меѓу 60 и 80 денари. Истите тие брендови на тутунски производи цигари во Македонија се продаваат по безмалку двојно поголема цена. На пример оме карелиа кај нас се продава по 150 денари за една кутија, а со промотивните цени по фришоповите цената на единечното пакување е 60 денари. Истиот однос на цената доаѓа и за другите брендови, како марлборо, винстон, вест…

s

                                                                                                                  Понуда во дуќан во Скопје Север

До лани, овие цигари по таа цена се наоѓаа по одредени малопродажни места во пограничниот регион. Но од пред 4-5 месеци, според дистрибутерите на овие брендови, бројот на малопродажните места е зголемен и проширен во речиси половина Македонија – Тетово, Кичево, Охрид, Скопје (Чаир, Север, Бутел), Сарај, Батинци, Студеничани и околните села. Објавените фотографии се од тие малопродажни места.

d

                                                                                                                 Малопродажба во Бутел, Скопје

Еве уште еден пример. Цигарите вест во грчки фришоп чинaт 69 денари за една кутија, а во едно од овие малопродажни места штека цигари од овој бренд се продава за 1.000 или 1.100 денари. Штека цигари вест во легална продажба, а тоа значи со платена македонска акцизна маркица, чини 1.400 денари.

Заработувачката е очигледна, а со тоа и интересот за „развој“ на овој бизнис и проширување на каналите за продажба на овие цигари.

Според нашите локални извори, секој обид на граѓанин на Грција да купи цигари од фришоп и да ги внесе во Грција, брзо е спречен од полицијата, која редовно ги добива информациите од шефовите на фришоповите. Така Грција си ја штити сопствената економија. Како ние ја штитиме нашата?

                                                                                                                                                            А.Д.

                                                                                                      (Продолжува)

 

Се враќа шверцот со цигарите во Македонија, овојпат од грчките фришопови (1)

Ново „златно време“ во шверцот со цигарите? (2)

И дистрибутерите на големите тутунски корпорации се загрижени за новиот шверц со цигарите (3)

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ