сабота, 27 јули 2024

Се вози брзо и по улици и по патиштата – 181 казнет возач

Сообраќајната полиција вчера, за време на радарските контроли на улиците и патиштата низ Македонија казни 181 возач за брзо возење. Речиси половината од нив брзо возеле во населени места.

Објавено на

часот

Сподели

„Од санкционирани 181 возач, 88 возеле брзо во населено место, додека 93 на отворен пат..Од нив четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, се вели во билтенот на МВР.
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ