среда, 15 јануари 2025

Се воведува делумна забрана за движење низ шумите, за несовесните казни и до две илјади евра

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира МЗШВ, делумната забрана за движење во шумите и шумското земјиште се воведува на територијата со која стопанисува ЈП „Национални шуми“, за временски период од 17 јули 2023 година, во терминот од 6 до 20 часот.

„Делумната забрана за движење во шумите ќе трае сѐ до проценката дека ризикот од шумски пожари е намален. Движењето во шумите ќе биде дозволено единствено со писмено одобрување издадено од страна на подружниците на ЈП „Национални шуми“, за подрачјето со кое управуваат. За непочитување на оваа делумна забрана за движење во шумите и шумското земјиште, на физички лица кои ќе се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противредност“, наведува министерството.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ