сабота, 27 јули 2024

Се урна зграда во Истанбул, повеќе луѓе се заробени под урнатините (ВИДЕО)

Повеќе луѓе се заробени под урнатините откако се урна зграда во истанбулскиот округ Кучукчекмеџе.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На лице место се пожарникарите, полицијата и здравствени работници, а причината за несреќата не е позната, пренесува Хабер турк.

Во тек е потрага по луѓето кои се заробени под урнатините на троспратната зграда која се урнала утринава.

Според порталот Ахабер, од урнатините досега е извлечено едно повредено лице.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ