среда, 23 октомври 2024

Се урна руски суперсоничен бомбардер, загинал еден од пилотите

Еден од пилотите на бомбардер Ту-22М3 загина откако авион се урна во Иркутската област во Русија, соопшти денес началникот на таа област Игор Кобзев.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Кобзев напиша на Телеграм дека преостанатите пилоти имаат повреди од различна тежина и дека се хоспитализирани.

„Експертите сега мора да ја утврдат точната причина за несреќата. Според прелиминарната истрага, причината е технички дефект“, наведе Кобзев, а пренесуваат руските медиуми.

Авионот Ту-22М3 се урнал вчера при изведување редовен лет, а екипажот се катапултирал.

Авионот се урнал во ненаселена област, а на земјата не е причинета штета.

Претходно беше објавено дека четворицата пилоти на бомбардерот Ту-22М3, кој се урнал во четвртокот во близина на селото Михајловка во округот Черемхово во Иркутската област, се катапултирале.

Ту-22М3 е суперсоничен бомбардер кој носи ракети со долг дострел за уништување поморски и копнени цели со наведувани проектили, а може да носи и нуклеарни и конвенционални бомби и ракети.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ