Државниот оддел за транспортна инфраструктура соопшти дека во попладневните часови се урнал централниот дел на мостот долг 533 метри што ги поврзува градот Естреито во државата Маранхао и Агиарнополис во државата Токантис. Камион кој превезувал сулфурна киселина паднал во реката, јавува Ројтерс.
Another tragedy in Brazil: one of the largest bridges connecting the south to the north of the country has collapsed. The bridge links the borders between Maranhão and Tocantins. So far, there are reports of 3 deaths, including one being a child. pic.twitter.com/0ipf0tUKlE
— Global Intel Watch (@WAffairsBlog) December 22, 2024
Пожарникарите соопштија дека едно лице загинало, а според првичните проценки, во моментот на уривањето на мостот имало најмалку единаесет лица.
BRAZIL: A Bridge connecting Maranhão to Tocantins has collapsed. Three trucks fell into the water and at least one person died, according to information from the Federal Highway Police.pic.twitter.com/9uUSeL9U02
— Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) December 22, 2024
Мостот Јушелино Кубичек де Оливеира е отворен во 1960 година и е дел од автопатот што ја поврзува Бразилија со Белем, град во северен Бразил кој следната година ќе биде домаќин на климатската конференција КОП на Обединетите нации.