среда, 23 октомври 2024

Се урна хотел во западна Германија, најмалку едно лице загина

Најмалку едно лице загина, а осум се претпоставува дека се затрупани под урнатините на хотел во западна Германија, соопшти локалната полиција.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Се верува дека 14 лица биле во хотелот во малото гратче Корев на реката Мозел кога се урнал еден кат од хотелот во вторникот околу 23 часот, пренесува АП.

Полицијата првично соопшти дека пет лица излегле од хотелот неповредени, но уште девет останале заглавени.

Досега итната медицинска помош констатирала смрт на едно лице, но не успеале да го извлечат телото.

Полицијата соопшти дека медицинските лица биле во контакт со уште околу осум лица кои останале во хотелот, од кои некои се тешко повредени.

Полицијата евакуирала 31 лице од околината на оштетената зграда, а сè уште не е познато што го предизвикало уривањето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ