петок, 26 јули 2024

Се урна бина на изборен митинг во Мексико, најмалку девет мртви (ВИДЕО)

Најмалку девет лица загинаа, а околу 50 се повредени откако се урна бина на предизборен митинг во Мексико, соопштија локалните власти.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Инцидентот се случил додека претседателскиот кандидат на левиот центар Хорхе Алварез Мајнез држел говор во градот Сан Педро Гарза Гарсија. Уривањето на бината е предизвикано од ненадеен силен налет на ветер, напиша Мајнез на Икс, пренесува Би-би-си.

На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа моментот кога структурата се урива додека неколку луѓе се на сцената. Гувернерот на државата Самуел Гарсија ги повика локалните жители да останат дома поради силните грмотевици во областа.

Мајнез е кандидат на партијата Граѓанско движење и моментално е на третото место во националните анкети. Во објава на Икс тој изјави дека самиот не е повреден, но дека неколку членови на неговиот тим се повредени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ