петок, 17 мај 2024

Се урна автопат на југот на Кина, загинаа 36 лица

Уривањето на автопатот во кинеската провинција Гуангдонг предизвика пад на повеќе возила, при што загинаа 36 лица, 30 беа повредени, објавија денеска државните медиуми, додека милиони Кинези патуваат за празникот Први мај.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Уривањето, предизвикано од силен дожд, се случило во средата околу 2 часот по полноќ на автопатот Меижоу-Дабу, пренесува новинската агенција Ксинхуа, додавајќи дека урнатиот дел бил долг 17,9 метри и предизвикал пад на 23 возила.

Меижоу е една од областите во Гуангдонг во јужна Кина, која е сериозно погодена од силен дожд и град од крајот на април, што доведе до опасни лизгања на земјиштето, поплавени куќи и уништени мостови.

Очевидци изјавија за локалните медиуми дека слушнале силна бучава и виделе дупка широка неколку метри отворена зад нив откако поминале дел од патот кој се срушил. Причината за несреќата се истражува.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ