Еден од патниците што го преживеа падот на азербејџанскиот авион во близина на Актау, Казахстан, го снимил моментот непосредно пред и по несреќата.
На снимката се гледа дека маските за кислород паднале, а патниците се вознемирени.
Човекот што го снимил овој момент очигледно се молел, бидејќи неколку пати извикува „Алаху акбар“ (Господ е најголем).
Неговата снимка брзо се прошири на мрежите, а на крајот од објавата можете да се види како изгледа сѐ по падот на авионот.
The final moments of the Azerbaijan Airlines plane before its crash in Kazakhstan were captured by a passenger onboard.
Aftermath also included in the footage. pic.twitter.com/nCRozjdoUY
— Clash Report (@clashreport) December 25, 2024
Првите информации беа дека леталото се судрило со јато птици, меѓутоа Волстрит џурнал пишува дека најверојатно било погодено од руската противвоздушна одбрана.