сабота, 27 јули 2024

Се уништи шума во Охрид за Мијалкови да градат хотел на Горица 3, обвинува О2 иницијатива

„Горица 3, Охрид… После долго време планираниот хотел започнува да се гради. Макотрпно човечки пошумениот рид во минатиот век, продаден пред 10-тина години, површина од 15.778 м2, раскрчмен, во сопственост на ДИВЕЛОП ГРУП ДОО Скопје на Мијалкови, во чија сопственост е и хотелот Мериот на плоштадот Македонија во Скопје“, реагираат од Иницијативата О2.

Објавено на

часот

Сподели

„ДИВЕЛОП ГРУП официјално на хартија е во сопственост на Александар Ивановски – познат како Алек Теранова и БЕСТ ВЕЈ ИНВЕСТМЕНТ ДООЕЛ Скопје, во сопственост на Јордан Мијалков, синот на Сашо Мијалков. Прашања кои се наметнуваат: Кој и зошто го продал ова државно богатство кое во минатото педа по педа макотрпно се пошумувало? Кој издал дозвола? Врз основа на каков план? Дали била транспарентна и правилна постапката за издавање на дозволата?“, се додава во реакцијата.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ