недела, 20 октомври 2024

Се судрија камион и три автомобили на патот Штип – Радовиш

Четири возила, од кои три патнички и едно товарно, попладнево се судрија на експресниот пат Штип – Радовиш.

Објавено на

часот

Сподели

Од СВР – Штип ја потврдија сообраќајната несреќа без да соопштуваат подетални информации, со оглед што на лице место сè уште трае увидот и утврдувањето на околностите поради кои дошло до судирот.

Според првичните сознанија во сообраќајката нема загинати лица, а движењето на другите возила не е во прекин, односно сообраќајната полиција ги пренасочува.

Подетални информации се очекуваат по завршувањето на увидот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ