четврток, 26 декември 2024

Се судрија два турски воени хеликоптери, шест загинати, меѓу нив и генерал (ВИДЕО)

Два турски воени хеликоптери се судрија во воздух, при што загинаа шест воени лица. Еден од хеликоптерите по судирот се урнал, додека другиот безбедно слетал.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Пет жртви загинале на местото на несреќата, додека шестата од повредите починала во болница, соопшти Министерството за одбрана. Несреќата се случила во југозападната провинција Испарта за време на редовни летови за обука, изјави гувернерот на регионот Абдула Ерин.

Меѓу жртвите е и бригаден генерал што раководел со школата за воена авијација. Засега не е јасно што го предизвикало контактот меѓу двата хеликоптери. Ерин потврди дека е покрената истрага.

Приватната новинска агенција ДХА објави дека хеликоптер УХ-1 паднал во поле и се поделил на два дела. Вториот хеликоптер слетал на околу 400 метри од него.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ