сабота, 27 јули 2024

Се судрија два автомобили, едниот возач тешко повреден, другиот побегнал

Полицијата доби пријава дека во Кочани на улица Димитар Влахов, над Градскиот стадион, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило опел корса, управувано од Д.Т.(24) од Кочани и патничко возило шевролет спарк, управувано од Ф.Г.(47) од Кочани, двете со кочански регистарски ознаки, по што Д.Т со возилото го напуштил местото на несреќата.

Објавено на

часот

Сподели

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ф.Г., констатирани во Клиничката болница Штип, а Д.Т. бил лишен од слобода и приведен во полициската станица Кочани.

Извршен бил увид од увидна екипа од полициската станица Кочани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ