понеделник, 20 јануари 2025

Се судри владино возило во кое била министерката Тренчевска, повреден нејзиниот возач

Секторот за внатрешни работи Штип соопшти дека денеска попладне на експресниот пат Штип – Радовиш се случила сообраќајна несреќа меѓу две возила, од кои во едното, владин автомобил марка шкода, се превезувала министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, како и вработена во нејзиниот кабинет. Повреден е владиниот возач. Нема повредени во другото возило марка фолкваген пасат.

Објавено на

часот

Сподели

„На 5 јануари 2024 во 17.28 часот во СВР Штип е пријавено дека на патот Штип- Радовиш во близина на село Лакавица, штипско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило шкода со скопски регистарски ознаки, сопственост на Владата на Република Северна Македонија, управувано од 53-годишниот Г.А. од Скопје, во кое се превезувала министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска и Н.Д. вработена вонејзиниот кабинет“, наведува СВР Штип.

Второто патничко моторно возило пасат со швајцарски национални ознаки било управувано од 48-годишниот М.Ј. од село Мокриево, Општина Ново Село, кој, како што информира СВР Штип, бил со четири сопатници во возилото.

Во сообраќајната незгода со телесна повреда се здобил возачот на владината шкода Г.А., констатирана од лекар од Итната медицинска помош Штип.

До сега не се пријавени повреди од друго лице. Увид на местото извршиле увидна екипа на СВР Штип и јавен обвинител.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ