Тие кратко разговараа пред состанокот закажан зад затворени врати во Овалната канцеларија.
„Избран претседателе и поранешен претседателе, добредојдовте и честитам“, му кажа Бајден на Трамп пред репортерите кои го следеа настанот, на што избраниот претседател му се заблагодари.
„Се надевам, како што кажавме, на непречен пренос. Ќе се погрижиме да обезбедиме сè што ви е потребно. Ќе имаме прилика, за некои од деталите, да поразговараме денес. Добредојдовте“, кажа Бајден.
Трамп му возврати дека околностите во политиката се тешки.
„Тоа често не е пријатен свет. Но, денес тоа не е случајот и многу сум благодарен на тоа. Транзицијата ќе мине најлесно што може и тоа многу го ценам“, му кажа Трамп на Бајден во краткиот разговор пред нивниот состанок.
„Нема на што“, возврати Бајден.
Нивната средба се толкува како еден од неформалните чекори во транзицијата на политичката власт, која Трамп официјално ќе ја преземе на 20 јануари 2025, по инаугурациската церемонија.
🚨 #BREAKING: President Trump is officially BACK in the Oval Office, meeting with Joe Biden
THIS IS HISTORIC! 🔥 pic.twitter.com/DXnO7qCpaP
— Nick Sortor (@nicksortor) November 13, 2024