петок, 27 декември 2024

Се спрема нов закон за помилување, престедателот ќе може да помилува само по изречена казна

Објавено на

часот

Сподели

На вчерашната расправа за новиот нацрт-закон за помилување беше речено дека Министерството за правда го поддржува решението според кое шефот на државата ќе може да помилува само за изречената казна, а не и за кривичното гонење. Во предлогот пишува дека ќе нема повеќе аболиција од претседателот на државата за осомничени или обвинети лица додека трае кривично-правната постапка против нив, туку тие ќе можат да замолат за помилување само откако судот ќе изрече пресуда и таа ќе стане правосилна. Имајќи ја предвид практиката од досегашната примена на законот и особено случаите поврзани со помилувањето од кривично гонење, работната група застана зад решението согласно кое претседателот може да даде помилување само за казна, а не и за кривично гонење на поименично определени лица. Ова решение беше целосно поддржано и од работната група која работи на новиот Кривичен законик“, велат од Министерството за правда.

Во законот за помилување нема ограничување за тоа за кои кривични дела не е можно да има помилување, односно, секој осуденик, без разлика за какво дело е осуден и на колкава затворска казна може да поднесува молби за помилување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ