„Делницата Подмоље-Струга-Ќафасан се поврзува и со Коридорот 8, што е од клучно значење за поврзување на нашата земја не само со регионот, туку геостратешката позиција на Коридор 8, овозможува Северна Македонија да стане неизбежна транспортна рута со европските земји”, рече Ковачевски.
Министерот Бочварски рече дека Министерството за транспорт и врски работи и на проект за рехабилитација на инфраструктурата на граничниот премин Ќафасан како и поставување на нов видео надзор.
„Реализацијата на овој проект е пример дека може и треба да се гради според динамиката која претходно е воспоставена, односно може и ќе се гради навремено, брзо и квалитетно“, рече директорот Рустеми.