„ЈСП Скопје утврди лажна вест со која е фалсификувано логото на електронската картичка Скопска објавено на социјалните мрежи од страна на група наречена ‘Транспортна карта на град Скопје’, која не е поврзана со ЈСП Скопје.
Се работи за измама со лажен линк што краде податоци од платежните картички на граѓаните.
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје ја пријави измамата во МВР и очекува брзо постапување од надлежните за изнаоѓање на сторителите на измамата и очекува итно преземање на сите законски мерки за заштита на ЈСП“, се вели во соопштението на ЈСП.