петок, 26 јули 2024
Рашидов беше неправосилно осуден на доживотен затвор

Се самоуби затвореникот кој со 40 убоди од нож ја уби Танкица Маладеновска од Кочани

Усеин Рашидов кој лани на свиреп начин ја уби Танкица Маладеновска од Кочани, утринава е пронајден мртов во притворската ќелија. Ненад Цветковиќ директор на Затвор Куманово во селото К’шање ја потврдува информацијата дека телото на осуденото лице е пронајдено околу 6 часот.

Објавено на

часот

Сподели

Посочува дека се известени јавното обвинителство и судот, а телото е предадено на обдукција.

Лицето кое ја уби 46-годишната Танкица Маладеновска во Кочани на 25 септември минатата година доби доживотна затворска казна. Основниот суд во Кочани донесе пресуда за злосторникот за кривичното дело убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп начин (фемицид). Обвинетиот признал вина.

Маладеновска беше до смрт избодена пред нејзиниот дом. Медицинската екипа што беше повикана констатирала над 40 убодни рани од кои жената починала на самото место.

Пресудата на Основниот суд во Кочани се уште не е правосилна бидејќи течат жалбените постапки, а во овој суд во тек беше и постапката за Рашидов за сторено кривично дело уцена, бидејќи со години изнудувал пари и ја уценувал Танкица со компромотирачки фотографии.

Обвиненитот ја демнел и малтретирал Маладеновска, терајќи ја да носи посебен мобилен телефон со себе, „кој речиси цело време бил вклучен за да ја слуша“.

Во неколкуте часа во денот кога тој не ја прислушувал, Маладеновска успеала да го пријави во полиција изминатата година во јули. Го пријавила бидеќи ја уценувал дека ќе објави компромитирачки фотографии од неа доколку не извади кредит во негово име.

И покрај тортурата низ која поминувала Маладеновска, полицијата не направила проценка за ризик по нејзиниот живот. Неколку месеци подоцна, таа била убиена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ