Посочува дека се известени јавното обвинителство и судот, а телото е предадено на обдукција.
Лицето кое ја уби 46-годишната Танкица Маладеновска во Кочани на 25 септември минатата година доби доживотна затворска казна. Основниот суд во Кочани донесе пресуда за злосторникот за кривичното дело убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп начин (фемицид). Обвинетиот признал вина.
Маладеновска беше до смрт избодена пред нејзиниот дом. Медицинската екипа што беше повикана констатирала над 40 убодни рани од кои жената починала на самото место.
Пресудата на Основниот суд во Кочани се уште не е правосилна бидејќи течат жалбените постапки, а во овој суд во тек беше и постапката за Рашидов за сторено кривично дело уцена, бидејќи со години изнудувал пари и ја уценувал Танкица со компромотирачки фотографии.
Обвиненитот ја демнел и малтретирал Маладеновска, терајќи ја да носи посебен мобилен телефон со себе, „кој речиси цело време бил вклучен за да ја слуша“.
Во неколкуте часа во денот кога тој не ја прислушувал, Маладеновска успеала да го пријави во полиција изминатата година во јули. Го пријавила бидеќи ја уценувал дека ќе објави компромитирачки фотографии од неа доколку не извади кредит во негово име.
И покрај тортурата низ која поминувала Маладеновска, полицијата не направила проценка за ризик по нејзиниот живот. Неколку месеци подоцна, таа била убиена.