Илиќ осум години од кариерата ги помина на голот на Партизан, за кој бранеше од 1998 до 2003 и од 2010 до 2013 година. Во тој период освои пет шампионски титули и два трофеи во Купот на Србија.
Кариерата Илиќ ја започна во Слобода Ужице, а потоа бранеше уште за Национал Букурешт, Борац Чачак, ОФК Београд и Пансераикос.
Успеа да запише и еден настап за репрезентацијата на Србија и тоа против Македонија во натпреварот кој се играше на 6 февруари 2008 година.
По завршувањето на кариерата продолжи да работи и како тренер, а еден период беше дел и од стручниот штаб на екс-селекторот Славољуб Муслин.