сабота, 21 декември 2024

Се реставрираат две цркви на Македонците во Албанија со заложба на МД Илинден од Тирана

Mакедонското друштво „Илинден“ – Тирана упати благодарност до Националниот институт за културно наследство на Албанија, за прифатеното барање на друштвото за целосна реконструкција и реставрација на црквите во селата Ербеле и Горно Крчишта.

Објавено на

часот

Сподели

„Ми претставува особена чест и задоволство од име на Македонците во Албанија, посебно оние во селата Ербеле и Горно Крчишта, да изразам благодарност што го прифативте нашето барање за реконструкција и реставрација на божјите храмови во споменатите села, кои се дел од национално богатство на македонското национално малцинство во Република Албанија. Го поздравуваме почетокот на работите и посакуваме со Божја помош работите успешно да завршат“, се вели во писмото на благодарност, потпишано од претседателот Никола Ѓурѓај.

Како што изјави Ѓурѓај за МИА, друштвото на крајот на август 2019 година до институтот доставило барање за целосна реконстркција и реставрација на црквите Свето Преображение во Ербеле и Свети Спас во Горно Крчиште и двете прогласени за споменици на културата, врз кои веќе се по тек потребните активности. Двете села се наоѓаат во близина на албанско-македонската граница кај Дебар.

Со негова заложба, а со благослов на епископот Антаниски г. Партениј, игумен на Бигорскиот манастир, ова познатото македонско древно светилиште, во октомври 2018 година ѝ подари 12 икони на црквата „Свето Преображение“ кои и денес ја разубавуваат една од најстарите и најзачајни цркви во овој дел на Албанија, каде што некогаш живееле голем број Македонци.

Црквата Свето Преображение датира од 12 век, додека Свети Спас е изградена во 1232 година. За време на режимот на Енвер Хоџа била претворена во магацин. На 13 јуни 2009 година беше преосветена.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ